Финска: Запознајте ја Сана Марин, најмладата премиерка на светот

Сана Марин, 34-годишна финска политичарка ќе стане најмладата премиерка на светот која предводи влада.

Марин го водела Министерството за сообраќај, а членовите на Социјалдемократската партија ја избрале за премиерка, откако премиерот Анти Рине даде оставка. Се очекува оваа недела да даде заклетва.

„Имаме многу работа, мораме да ја вратиме довербата“ им изјави Марин на новинарите.

Таа ќе ја предводи коалицијата на левиот центар. Коаlицијата ја сочинуваат пет партии, а на чело се сите жени.

Три од четирите коалициони партнерки исто така немаат 35 години. Партијата на Сојузот на левицата ја води 32-годишната Ли Андерсон, Зелената лига ја води 34-годишната Марија Охисало, Партијата на центарот 32-годишната Катри Кулмуни, а шведската народна партија на Финска 55-годишната Ана Маја Хенриксон.

Анте Рине даде оставка откако работниците стапија во штрајк заради најавеното намалување на платите.

Кога ќе ја преземе функцијата Марин ќе биде најмлада премиерка на светот, но и една од најмладите личности на чело на држави во светот.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн има 39 години, а на должност стапи кога имала 37. Премиерот на Украина, Арсениј Јаценјук ја презеде функцијата во август кога имал 35 години.

Престонаследникот на Саудиска Арабија Мухамед бин Салман има 34 години. Лидерот на Северна Кореја има 35 година, а имал помалку од 30 кога стана Врховен лидер во 2011 година.

Марин ќе стане трета премиерка во некоја нордиска земја.

„Никогаш не сум размислувала за моите години и пол, размислувам за причините заради кои се впуштив во политиката и за работите заради кои ја стекнавме довербата на избирачкото тело“, изјави Марин.

InterServer Web Hosting and VPS