Одронот кај Сенце над 50 кубни метри камен и земја

Вработените на дебарската секција на „Македонија пат” максимално се ангажрани во дорасчистувањето на одронот, кој утрово падна на патниот правец Дебар – Маврово, кај селото Сенце.

Раководителот на секцијата Деар Лиманоски за МИА изјави дека дел од одронот кој паднал во 6:50 часот, е расчистен и од 9:00 часот сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

– Станува збор за одрон од над 50 метри кубни камен и земја. Максмално се ангажравме и исчистивме дел од одронот, па сега сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Работиме и понатаму за целосно расчистување на коловозот, рече Лиманоски.

Посочува дека поради обилните дождови изминатите денови, помали одрони има на овој патен правец, како и на патнот правец Дебар – Струга.

Поради тоа се препораува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.

InterServer Web Hosting and VPS