Четврта генерација Škoda Fabia (MY 2021) го покажа својот лик!

Лансирањето на нови модели во В сегментот во VW Group продолжува, по новите генерации на Volkswagen Polo, Seat Ibiza и Audi A1, на ред е и новиот член од Škodа моделот Fabia…
Производителот од Чешка, Škoda, во целосна сопственост на VW Group, има исклучително активна година, бидејќи по лансирањето на новиот модел на Scala, новата генерација на знаменосецот на флотата – Superb и најпопуларниот модел Octavia, сега се најава и нов Rapid, а доаѓа време и за смена на генерации кај моделот Fabia.

Главниот адут на Škoda во компактната класа ќе се најде на пазарот во 2021 година, а британски Auto Express објави фотографии од новиот изглед на Fabia.

Актуелната, трета генерација на Fabia на пазарот е од 2014 година, а потсетуваме минатата година во Женева беше прикажана и нејзината обновена верзија, но имајќи ги во предвид новитетите во Б-сегментот како Renault Clio, Peugeot 208, Opel Corsa, како и претходно претставената Ford Fiesta, крајно време е за поголеми промени и кај чешкиот претставник.

Четвртата генерација на субкомпактот од Млада Болеслав се сели на нова платформа која нуди попривлечен изглед, современи технологии и модерни погони.

Како што е случајот со сите модели на Škoda , така и Fabia ќе ја дели основата со „роднините“ од редовите на останатите брендови на VW групацијата – VW Polo, Audi A1 и Seat Ibiza, што исто така се базирани на MQB A0 платформата.

Кога пак говориме за појавата и претставителноста новата Fabia ќе добие поширока трага, поистакнати крила, модерни LED фарови и задни светла, како и најновата дизајнерска линија на Škoda инспирирана од кристали.

И новата Fabia ќе продолжи со ставот да има релативно висока линија на покривот на задниот дел од возилото, што пак е гарант дека ќе има, приближно, ист патнички простор,но со цел да не влезе во сегментот во кој од неодамна се наоѓа новата Scala.

Сепак и тоа ќе биде доволно за да биде еден од најпространите автомобили во својата класа.

Исто така, и багажникот би требало да биде нешто поголем одошто кај актуелната генерација.

Во однод пак на внатрешноста, очите секако ќе бидат фокусирани кон новата мултимедијална технологија, односно кон мултимедијалниот систем MIB 3.0 на Škoda, со 6.5 и со 9.2– инчни екрани на допир, дигитална контролна табла ….

Што се однесува до погонските системи за задвижување на новата Fabia ќе бидат задолжени веќе стандардните агрегати: стартниот трурбо бензински мотор со три цилиндри, со работен волумен од 1.0 литри – 1.0 TSI со две варијанти на моќност, со 95, односно со 115 КС, што ќе го исфрлат стариот 1.2 TSI што е во понудата во актуелната верзија, потоа следи турбое бензинец, со четири цилиндри новиот, со работен волумен од 1,5-литри и 150 КС исто така со TSI технологија , потоа хибриден систем, а останува да се види дали во понудата ќе има и дизел мотор.

Во однос на цената сеуште нема дефинирани податоци но знаејќи го трендот на раст кај сите нови модели тоа се очекува и кај новата генерација на Škoda Fabia.

InterServer Web Hosting and VPS