„БОМБА“ ВО НАЈАВА: Македонија директно во финалето во Лигата на Нации!?

Ексклузивна информација доаѓа од Косово, противникот на нашата земја во полуфиналето во Лигата на Нации. Но, можеби нема да ни биде противник, можеби Македонија без борба ќе оди во финалето, еве и зошто…

Косово, наводно, е пред суспензија од УЕФА поради мешњето на политиката во спортот. Опозицијата со помош на луѓе од политиката настојувала да се меша во работата на федерацијата, и се бара смена на претседателот Агим Адеми. Меѓународните институции биле запознаени со случувањата и ја следат истата, и може да дојде до реакција и суспензија на федерацијата.

Од сево ова најголеми победници би излегле репрезентацијата на Македонија која треба да игра против Косово за пласман во финалето во Лигата на Нации. Инаку доколку не се најде решение, тогаш во најдобар случај нашата земја ќе оди директно, а во најлош случај при суспензија на Косово, на нејзино место ќе дојде друга екипа (најверојатно второпласираната од нивната група).

Сепак, ќе треба да се почека на конечната одлука.

Дуелот Македонија – Косово треба да се игра во март во Скопје. Победникот оди во финалето, од каде ќе се бори за пласман на Европското првенство 2020 година.

sportmedia.mk

InterServer Web Hosting and VPS