Димитров: Нема напредок без почитување на заедничките вредности

Северна Македонија е целосно посветена на исполнувањето на сите заложби на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ја поддржува нејзината улога и е благодарна на поддршката што таа ја дава на нашата држава, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето на 26-от Министерски совет на ОБСЕ, што денеска и утре се одржува во Братислава, Словачка.

Димитров ја нагласи важноста и потребата од поголема ангажираност на земјите-учеснички во ОБСЕ за модернизација на Виена документот. Ја реафирмираше посветеноста на земјава за натамошно исполнување на обврските и заложбите кон Организацијата, соопшти МНР.

– Не може да се постигне напредок доколку нема целосно почитување на заедничките вредности: почитувањето на човековите права, основните слободи и демократските норми, економските слободи и одговорноста за постапките – рече Димитров.

InterServer Web Hosting and VPS