Заев: Нема ветинг, ќе има прочистување на правосудството. За мене се прави комплетна проверка на имотот

Република Северна Македонија нема да влезе во ветинг, ќе влезе во прочистување на правосудството, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Некој, вели тој, може тоа да го кажува како ветинг.

„Ние сме во сосема различна состојба од Албанија затоа што согласно постојните закони надлежност има Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, Антикорупциската комисија, УЈП заедно со Централниот депозитар, со Катастарот… можат да ја направат проверката. Ваква проверка во моментов се прави врз нас, врз министрите во Владата. За мене се прави комплетно проверка на имот, на лична финансиска состојба, на моето семејство. Тоа се прави и на министрите и тоа е добро, тоа е здраво. И сега треба да се прави и на судиите и на обвинителите на еден транспарентен начин согласно законите“, истакна Заев.

Премиерот уште еднаш денеска ја повика Европската комисија да се вклучи во големи случаи и да прави комплетен мониторинг.

„Официјално како претседател на Владата ја повикувам ЕК да го направи тоа заради тоа што тоа може да направи сериозен придонес во зајакнувањето на правната држава и владеењето на правото во државата“, рече Заев.

InterServer Web Hosting and VPS