Конте: Квалитетни резерви? Не е време за плачење

Тренерот на Интер, Антонио Конте е многу амбициозен да го освои Скудетото оваа сезона, особено откако неговиот тим изби на првата позиција во Серија А.

Утре „нероаѕурите“ го пречекуваат тимот на Рома, во тимот има голем број на повреди, а Конте нема квалитетни резерви на клупата.

„Сега не е време да плачеме или да се криеме позади тоа. За време на паузата ќе се обидеме да го подигнеме нивото на играчкиот кадар. Меѓутоа, во моментов мислиме само на престојните четири меча до паузата и да се надемаве дека нема да има нови повреди“, изјави Конте.

„Со сигурност можеме да ја подобриме играта во двете фази. До сега поради одредени ситуации моравме да играме над нашиот лимит. Треба да продолжиме на истиот начин до последниот меч“, додаде Конте.

InterServer Web Hosting and VPS