Од 1 јануари бесплатни градинки во Нови Сад

Од 1 јануари 2020 година трошоците за престој на деца во градинките во Нови Сад целосно ќе ги покрива градската управа.

– Родителите веќе нема ништо да плаќаат, изјави градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ.

– Престојот на околу 16.500 деца во градинките во Нови Сад целосно ќе биде финансиран од градот. Сакаме на таков начин да помогнеме за пронаталната политика, изјави Вучевиќ за српски медиуми.

Тој потсети дека државата издвојува пари за вонтелесно оплодување, најавува изградба на станови за млади брачни парови по повластени цени, но дека тие како локална самоуправа сакаат да се вклучат и да дадат придонес така што родителите ќе ги ослободат од плаќање надомест за чување во градинка.

InterServer Web Hosting and VPS