Барса брзо ѝ ги врати парите на Валенсија, го купи Нето за 26 милиони евра плус уште 9 милиони во бонуси

Само 12 часа по трансферот во кој Јаспер Силесен го замени Камп Ноу со Местаља, Барса и Валенсија соопштија нова зделка, голманот Нето се сели во Каталонија за 26+9 милиони евра.

„Каталонците“ синоќа на Валенсија и го продадоа голманот Јаспер Силесен за 35 милиони евра, и веќе утрово двата клуба комплетираа нова зделка. Сега улогите се променети и Валенсија на Барселона и го продаде Нето.

Шампионот на Шпанија всушност и ги враќа парите на Валенсија и го купува Бразилецот за 26 милиони евра, плус додатни 9 милиони евра во бонуси.

Нето, кој ќе биде резерва на Тер Штеген, добива четиригодишен договор и откупна клаузула од 200 милиони евра.

InterServer Web Hosting and VPS