СДСМ: Состанокот во Лондон потврди, стануваме 30. земја членка на НАТО

Состанокот во Лондон потврди, сигурноста и стабилноста се обезбедени, Република Северна Македонија – 30. земја членка на НАТО, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утрово преку соопштение.

„Се остварува една од најважните стратешки цели на нашата држава и заложбите на минатите и сегашните генерации, се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да стане членка на НАТО. Еднакви со најмоќните, рамо до рамо со светските сили, рамноправни со најсилните економии во светот. Како дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот и држава во која граѓаните имаат сигурна иднина“, наведе СДСМ во соопштението.

Од владејачката партија додаваат дека придобивките со членството во НАТО се огромни.

„НАТО значи стабилност, сигурност, безбеденост, но и отворање и проширување на можностите за зголемен економски раст, охрабрување на инвеститорите за нови инвестиции, пристап до нови пазари и отворање на нови и подобро платени работни места. На прав пат сме, од изолирана земја скарана со соседите, станавме светол пример во регионот и партнер на демократскиот свет“, додава СДСМ.

v

InterServer Web Hosting and VPS