Прегазена жена во Битола

Битола, 3 декември- Битолчанката Б.А.(33) е тешко повредена откако била удрена од автомобил. Несреќата се случила вчера утрото на крстосница помеѓу бул..„1 Мај“ и ул.„Стив Наумов“ во Битола.

„Автомобил ,,Фолксваген поло“, со битолски регистарски ознаки, управуван од П.Т.(40) од Битола, удрил во пешакот. Во незгодата Б.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Битола.

InterServer Web Hosting and VPS