С. Македонија ќе купи 150 воени возила од САД

Македонската армија, во следните пет години, ќе биде засилена со 150 нови оклопни транспортери и возила за лесната пешадија од американско потекло. Во интервју за „360 Степени“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска појасни дека станува збор за вкупна инвестиција од 150 милиони долари. Поголемиот дел од парите, околу 120 милиони долари, ќе бидат покриени од домашниот буџет. Остатокот ќе го платат САД.

„Само како дополнителна информација, пред два дена добивме информација од американска страна дека ја зголемуваат поддршката за ова од 30 милиони долари на 37 милиони, кои нема да одат само за возилата туку ќе одат и за дополнителна опрема за нашата пешадија“, изјави за „360 Степени“ министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Повеќе на следниот линк.

InterServer Web Hosting and VPS