Мурињо одговори дали преговарал за да седне на клупата на Арсенал

Жозе Мурињо пред некое време се врати на големата сцена и тоа на кормилото на премиерлигашот Тотенхем со кого оствари победи на првите два натпревари против Вест Хем и Олимпијакос.

Меѓутоа името на Мурињо се поврзуваше со Арсенал пред да го преземе Тотенхем, па медиумите сакаа да дознаат нешто повеќе на оваа тема со оглед на тоа што денеска „топчиите“ останаа без тренер или поточно отказ доби Унаи Емери. Португалецот доби интересно прашање од новинарите кои ги интересираше дали би ја прифатил понудата од Арсенал пред онаа од Тотенхем, а „специјалниот“ одговори во свој стил:

-Нема поента сега да ти кажам. Јас сум тука многу среќен така што не можам да размислувам за можноста на друг клуб. Ако поставите било кој друг клуб во светот пред мене, сега ќе кажам „не“, -истакна Мурињо.

InterServer Web Hosting and VPS