“Мажи на годината”, Енвер Малиќи доби две награди, трајни вредности и Маж со стил

Избрани се мажите на годината во 13 категории. Енвер Малиќи е награден во категориите Маж со трајни вредности и Маж со стил, кој по втор пат го организираше онлајн магазинот friday.mk.

Бизнисменот во својот кус говор ги мотивираше младите дека треба да останат во својата држава и да веруваат во соништата.

Енвер Малиќи е познат македонски бизнисмен, актуелен заменик-градоначалник на Скопје, советник на листата на ДУИ. Малиќи е еден од најбогатите регистрирани стопанственици на листата членки на Стопанска комора на Северозападна Македонија, но и воопшто, еден од најбогатите во државата. Тој е сопственик на компанијата „Гемак трејд“ и на хотелот „Парк“ на кејот на Вардар во Скопје.

„Гемак трејд“ е приватно трговско претпријатие основано во 1991 година и се занимава со увоз и дистрибуција на електрични апарати и потрошувачки добра, како и акцизни производи, алкохол и цигари.

Енвер Малиќи, годинава е прогласен и за почесен конзул на Мексико во Македонија.

Енвер Малиќи е и почесен конзул на Мексико во Македонија. со седиште во Скопје, и даде согласност на предлогот на Мексико за именување на Малиќи за почесен конзул.

На гала вечерта која се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни Мажи во Македонија за 2019 година.

InterServer Web Hosting and VPS