Реал потпиша нов договор со Валверде

Реал Мадрид го продолжил договорот со Ургваецот Федерико Валверде, објави „Марка“. Според овој извор, договорот на 21-годишниот фудбалер ќе трае до 2025 година.

„Марка“ пишува дека преговорите помеѓу двете страни биле кратки и конкретни. Реал потенцира дека Валверде ја претставува светлата иднина на клубот.

Поради тоа, клаузулата за откуп на младиот фудбалер изнесува 750 милиони евра.

Валверде од Пењарол се преселил во Реал Мадрид летото 2016 година. Во својата прва сезона играл за вториот тим на Реал. Наредната сезона (2017/2018) ја минал како позајмен играч во Депортиво Ла Коруња. Играч на првиот тим на Реал станал летото 2018 година.

Оваа сезона има одиграно девет натпревари во Ла Лига, на кои постигнал два гола.

InterServer Web Hosting and VPS