Нема промени за Македонија на најновата ФИФА ранг листа, остануваме на 68. место

Поразот од Австрија и победата над Израел не донесоа промени за македонската фудбалска репрезентација на последната ФИФА ранг листа.

Македонија остана на 68. место на најновата ФИФА ранг листа, мечевите против Австрија и Израел не донесоа промени.

Нашата репрезентација е најдобро рангирана од селекциите кои се во полуфиналето од Лигата на нации во Д лигата. Косово е на 114. место, Белорусија е 87., Грузија е на 91. позиција.

Белгија и понатаму е на првото место, зад неа во топ десет се уште и Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

InterServer Web Hosting and VPS