Ахмети: Отворањето на граничниот премин Белановце – Станчиќ го кочат технички проблеми

Прашањето за отворање на граничниот премин Белановце – Станчиќ е завршена работа и во прашање се технични работи, рече лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, одговрајќи на новинарско прашање на одбележувањето на Денот на албанското знаме на плоштадот „Скендербег“.

– Сега ќе зависи од комуникацијата меѓу страните во Скопје и Приштина, како и од европските претставници. Технички проблеми се во прашање за отворањето на границата Беланoвце – Станчиќ. Нема друг проблем. Тоа е затворено прашање, рече Ахмети.

Тој истакна дека исто така дека прашање на време е кога ќе биде пуштен и преминот кај Лојане.

InterServer Web Hosting and VPS