Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се искачи на 40 лица

Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се искачи на 40 лица, објави весникот „Албаниан дејли њуз”, на својот сајт, повикувајќи се на официјални податоци. Претходно беше соопштено дека има за 27 загинати и над 650 повредени.

Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу синоќа рече дека здравствената состојба на осуммина е сериозна.Таа додаде дека двајца од повредените најверојатно ќе бидат префрлени во Италија, додека 32 лица се на интензивна нега.

Тлото на Балканот не мирува, податоците објавени на страницата на Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) покажуваат дека од синоќа во 19 часот до изутринава се регистрирани 15 земјотреси во регионот, од кои најголем број се во Јадранското море и во Албанија, а се тресеше тлото и во Грција и во Хрватска.

InterServer Web Hosting and VPS