Австрија издвои 600.000 евра како помош за Албанија

По силниот земјотрес во Албанија, австриската влада стави на располагање 600.000 евра како помош за Тирана.

Со овие средства австриската Агенција за развој (АДА), пред претстојната зима, треба да помогне да се обноват оштетените куќи, соопшти тамошното Министерство за надворешни работи.

Албанија е во фокусот на австриската развојна соработка уште од 1992 година.

По силниот земјотресот од 21. септември, австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленберг, вети помош за погодената популација, која сега е дополнително зголемена на 600.000 евра.

„Австрија и Албанија се поврзани со повеќедецениско пријателство“, се вели во соопштението на канцеларката Бригите Бирлајн.

Таа истакнува дека австриските компании се меѓу најголемите инвеститори и дека нејзината земја и дава помош на Албанија како во рамки на развојната соработка, така и како на кадидат за членство во ЕУ.

InterServer Web Hosting and VPS