Луис Енрике: Луѓе како Морено не сакам во својот тим

Луис Енрике и Фудбалскиот сојуз на шпанија, во средата, го официјализираа неговото враќање на селекторската позиција. Енрике во јуни се повлече од функцијата поради тешката болест на неговата ќерка која почина во септември.

Во отсуство на Луис Енрике Шпанија во квалификациите ја предводеше Роберто Морено, кој избори пласман на ЕУРО 2020.

Одлуката дека Енрике се враќа на функцијата ја објави првиот човек на Сојузот Луис Рубијалес веднаш по завршувањето на последниот меч во групата.

Шпанските медиуми тврдеа дека откако дознал што му спремиле Роберто Морено плачејќи заминал од „Ванда Метрополитано“.

Луис Енрике денес соопштил кои луѓе ќе бидат во неговиот стручен штаб и открил зошто меѓу нив го нема Морено.

„Одлуката тој да не биде во стручниот штаб е лично моја. Не беше лојален. Јасно ми кажа дека ќе биде селектор на ЕУРО 2020, а потоа ќе се врател да ми биде помошник. Луѓе како него не сакам во својот тим. Не е добро да кога имате преголеми амбиции“, рекол Луис Енрике.

Прв помошник на старо-новиот шпански селектор ќе му биде Хесус Касас, а во стручниот штаб ќе биде и Аитор Унузе.

InterServer Web Hosting and VPS