Поранешното момче на Линдзи Лохан и Деми Мур пронајдено мртво на 39 години

Американскиот бизнисмен Хари Мортон почина на 39-годишна возраст. Тој беше сопственик на познат синџир ресторани, а на јавноста ѝ беше познат по неговата наводна афера со пејачката и актерка Линдзи Лохан (33).

Линдзи и Хари никогаш не потврдија дека биле во врска, иако се гледале и се дружеле.

И покрај сè, актерката сепак избра да се збогува од бизнисменот и да сподели емотивна порака со следбениците на „Инстаграм“.

View this post on Instagram

Best friends. Best life.

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan) on

„Најдобар пријател. Најдобар живот“ напиша актерката под нивната заедничка фотографија.

Лундзи се шпекулира дека е шокирана од смртта на нејзиното поранешно момче, кого го запознала на својот 20-ти роденден.

Покрај врската со Линдзи, Мортон е познат и по тоа што бил во врска со актерката Деми Мур, музичката ѕвезда Бритни Спирс и манекенката Парис Хилтон.

InterServer Web Hosting and VPS