Tатјана Стојановска е една од најубавите презентерки – призна дали правела пластични операции

ТВ презентерката Татјана Стојановска со години важи за една од најубавите, најуспешните телевизиски лица, а пред некое време за „Убавина и здравје“, Стојановска го откри својот рецепт за убавина и призна дали правела некогаш пластична операција.

– Отсекогаш сум водела сметка за изгледот и сум го негувала лицето. Со оглед на фактот што долги години работам во телевизија, а моето лице е подложено секој ден на тешка шминка, редовно го чистам и правам пилинзи, користам креми и препратати на природна база и редовно одам на козметички третмани. Сега за сега не сум направила ниту една естетска корекција, третирам природен изглед, но тоа не значи дека имам нешто против пластичните операции“, вели презентерката која своевремено беше и Мис на Македонија.

Исто така, Татјана неодамна проговори и за својот љубовен живот. Таа во ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.

„ Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис. Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“.

Татјана, која е поранешна сопруга на фолк-музичарот Благоја Грујовски, зборуваше и за својата 25 годишна телевизиска кариера, и за синот Матеј.

Татјана Стојановска од секогаш важи за едно од највпечатливите и најубавите ТВ-лица. Презентерката нејзината убавина ја истакна уште на млади години додека беше манекенка и ја освои титулата Мис на Македонија во 1992 година. Токму од тоа време е и оваа фотографија на која Стојановска има само 17 години.

„Мис Татјана-црномурно совршенство“, стои во насловот на тогашната ревија „Екран“.

Инаку, таа неодамна објави фотографија со својот син Матеј, кој има 21 година „Мојата гордост. Мојот син“, напиша Татјана која ретко објавува фотографии со синот, чиј татко е музичарот Благоја Грујовски.

InterServer Web Hosting and VPS