Спасено 17-годишно момче кое од рушевините на телефон комуницираше со спасувачите во Албанија

Од урнатините на својот дом во Драч, спасен е изваден 17-годишниот Рам Лала. Тој на телефон комуницираше со спасувачките екипи, и за среќа беше спасен.

Се уште не е позната судбината на неговите родители. Во срушената зграда живеело цело негово семејство.

Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, изјави дека 600 луѓе побарале помош, додека 15 лица ги загубиле своите животи.

Пред еден час беше регистриран нов земјотрес со силина од 4,7 степени по Рихтеровата скала, а во серијата на потреси најсилен беше тој во 3.55 минути, кој беше со силина од 6,4 степени.

InterServer Web Hosting and VPS