Пораст на црниот биланс во Албанија, бројот на загинати достигна 15

Бројот на загинати од катастрофалниот земјотрес што изутринава ја погоди Албанија достигна 15 лица.

Најсилниот потрес се случи изутрината во 04:00 часот, а по него следуваа уште неколку послаби.

Епицентарот на земјотресот бил на 30 километри западно од главниот град Тирана, на длабочина од само 10 километри.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, ситуацијата во земјата ја карактеризираше како мошне драматична, а премеирот Зоран Заев најави испраќање на спасувачки тимови и механизација во критичните подрачја.

InterServer Web Hosting and VPS