СДСМ: Буџетот за 2020 година обезбедува социјална сигурност за ранливите категории граѓани

СДСМ како одговорна партија која се грижи за сите граѓани, со буџетот за 2020 година инвестира во човечкиот капитал, но обезбедува и социјална сигурност за ранливите категориии, поддршка за децата, младите и за повозрасните, пишува во утринското партиско соопштение.

„Создадовме буџет кој носи социјална сигурност на лицата во социјален ризик. Ги поддржува децата и детскиот развој и обезбедува социјална сигурност на повозрасните.

Вкупниот буџет на Министерството за труд и социјална политика изнесува 48,6 милијарди денари, од кои 47,5 милијарди завршуваат кај граѓаните. Според буџетските ставки за 2020 година 10,5 милијарди денари се предвидени за социјални трансфери.

За идната година за новата мерка субвенционирање на плати, со која работодавачите кои ќе ги покачат платите на вработените до 100 евра, ќе бидат ослободени од придонеси, се планирани 2,4 милијарди денари“, се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека за подобар живот на младите вработени лица до 23 години во производствена дејност се воведува младински додаток од 3 илјади денари, а ќе продолжат и инвестициите за изградба, реконструкција и опремување на градинки.

„Изминатите 2,5 годни социјалната помош е зголемена за 300 проценти, бројот на децата што примаат детски додаток се искачи на 20.230, односно за 3,5 пати повеќе од претходно, образовен додаток добива 8.681 дете. Политиките спроведени од СДСМ ја зголемија минималната плата на рекордни 14.500 денари, просечната за речиси 3 илјади денари, а пензиите од 1 јануари ќе се зголемат за 700 денари“, пишува во соопштението.

InterServer Web Hosting and VPS