Какви резултати има Македонија на индексот на просперитет?

Македонија е 54-та земја според Индексот на просперитет за 2019 година.

Од регионот, Црна Гора е на 50-то место, Србија на 52-то место, Албанија е 65-та и 70-та е БиХ.

Нашата земја е на 54 место меѓу 167 држави што се во Индексот на просперитет за 2019 година, објавен од лондонскиот институт Легатум.

Македонија има добри резултати во областа на услови за инвестирање (52 место) како и услови за живеење (50 место). Најслаба е во областа – образование (86 место). Од 2009 година државата бележи скок за едно место (во 2009 година била на 55 место). Од источноевропските земји, Естонија ја зазема највисоката позиција на списокот „Индекс на просперитет”, на 21 место, Словенија – 27, а потоа следат Унгарија (46), Романија (47) и Бугарија (49).

Според Институтот Легатум, кој за себе тврди дека е посветен на искоренување на сиромаштијата и постигнување просперитет преку зајакнување отворена економија, инклузивни општества и зајакнување на луѓе, од 167 земји опфатени со индексот, 148 земји – со 88 проценти од светската популација имаат напредок во просперитет од 2009 година година.

На дното се Белорусија (73), Русија (74), Молдавија (81), Азербејџан (92) и Украина (96).

Македонија лани беше рангирана на 56. место, а во 2016 година беше рангирана на 53. место. Словенија лани беше во првите 25 земји.

InterServer Web Hosting and VPS