Азар: Нема да постигнам повеќе голови од Роналдо

Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар не верува дека може да го надмине Кристијано Роналдо по постигнати голови.

– Кога ќе излезам на терен, не размислувам дека Кристијано играл овде претходно, и дека морам да настапам подобро од него. Дефинитивно нема да постигнам повеќе голови од Роналдо. Но, ќе се обидам да го сторам она што е во моја моќ и секогаш ќе се трудам да го давам мојот максимум, изјави Азар.

Тој смета дека не е битна висината на трансферот за тоа како ќе игра фудбалерот.

– Сумите на трансферите се работа на клубовите. Играчите секогаш треба да си го одработат своето, без оглед дали нивниот трансфер ќе чини 100 или пет милиони евра.

Белгиецот дојде во Реал на почетокот на оваа сезона. Претходно седум години играше за Челзи и пет години за Лил.

InterServer Web Hosting and VPS