АНКЕТА: Какви кандидати за пратеници посакуваат граѓаните?

Изборите наближуваат, партиите се пресметуваат со која артилерија да нападнат. Граѓаните пак само сакаат конечно да дојде секогаш ветуваниот подобар живот. Доверба во старите политичари немаат, дел бараат нови свежи, но искусни лица, без дамки во минатото, дел пак немаат доверба во никого.

Дали двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ може да го понудат она што граѓаните го бараат? Од опозицијата велат дека во моментов има внатрешни анкети, на кои околу 500 лица се во конкуренција за 120 кандидатски места на листите. Универзитетскиот професор и поранешен пратеник, Александар Спасеновски, смета дека ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе понуди нови луѓе, дел искусни интелектуалци, дел млади и просперитетни луѓе.

-Почнувајќи од младите членови на ИК на партијата, завршувајќи со една група интелектуалци и професори, кој што имаат статус на специјални советници. Во оваа смисла сметам дека станува збор за една добро осмислена политичка стратегија која овозможува да се направи еден комплот меѓу искуството од една страна и новата свежина која што треба да ја проектира ВМРО-ДПМНЕ, вели Спасеновски.

Владејачката СДСМ најави дека на пратеничките листи ќе биде еднаква распределбата на мажи и жени, односно 50-50. Ова според Софија Куноска, која во минатото беше на чело на скопскиот огранок на СДСМ, не е многу важно, ако повторно лидерот Заев и најблиските соработници сами ги бираат пратениците, како што тоа било случај во минатите два изборни циклуси.

-СДСМ е исправена пред опасноста пратеничките листи да бидат правени од еден- двајца луѓе во затворен круг, бидејќи како што знаете СДСМ ја напушти практиката да кандидатите ги бираат општинските организации на затворени конференции со тајно гласање. Праксата покажува дека вие може да мислите дека ќе има 50 проценти жени, но прашањето дали ќе бидат жени или мажи станува неважно, ако се тоа избраници на шефот на партијата, вели Куноска.

Партиите освен пратеничките листи, ги подготвуваат и изборните програми.

Izvor: ALFA

InterServer Web Hosting and VPS