Гугл ќе ги ограничи предизборните огласи за партии и кандидати

Гугл одлучи дека повеќе нема да им дава можност на огласувачите да таргетираат предизборни реклами кон специфична публика, користејќи ги информациите за списокот на избирачи и нивната политичка припадност.

Ова беше објавено на блогот на Alphabet Inc. , матична компанија на Гугл.

Одлуката е донесена во време кога социјалните мрежи се под притисок за политичко рекламирање пред претседателските избори во САД во 2020 година.

На пример, Фејсбук е критикуван од законодавците и регулаторите за својата одлука да не ги смета валидни рекламите објавени од политичарите на нивната платформа, додека Твитер одлучи да забрани политички реклами.

Гугл вчера објави дека ќе започне со ограничување на таргетирање на публиката во изборните реклами кога станува збор за нивната возраст, пол и општа локација заснована на поштенски код.

Досегашните политички огласувачи беа претходно во можност да ги прилагодат своите реклами , користејќи ги информациите за политичката припадност на гласачите, независно далис е од лево или десно или неутрални.

Гугл посочува дека политичките огласувачи сè уште можат да користат таргетирање во контекст на публиката, како објавување реклами за луѓе кои читаат одредена приказна или гледаат одредено видео.

Новиот пристап ќе започне да се применува во Велика Британија за една недела, пред предвремените избори на 12 декември.

Забраната ќе стапи на сила и во Европската Унија до крајот на годината , а во остатокот од светот на 6 јануари 2020 година.

InterServer Web Hosting and VPS