Турција уапсила адвокат на германската Амбасада во Анкара

Турција уапси турски адвокат ангажиран од германската Амбасада во Анкара, изјави синоќа германски дипломат од Министерството за надворешни работи, потег што може да ги направи тензиите меѓу партнерите во НАТО, уште полоши, јавија германски медиуми.

Односите меѓу двете земји се затегнати поради германската критика на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за тоа како се пресметува со своите противници по неуспешниот пуч во 2016 година и воената офанзива на Турција минатиот месец против курдските милиции во Сирија.

-Интензивно се обидуваме да откриеме што се обвиненијата и да го прекинеме неговиот притвор, рече неименуван германски службеник.

Адвокатот бил уапсен во средината на септември, соопшти официјалниот претставник.

Германски адвокат бил ангажирал за да добие документи во врска со турските државјани кои поднеле барање за азил во Германија, јавуваат германските медиуми.

InterServer Web Hosting and VPS