Аларм во Кина: Се врати „Црната смрт“ која во минатото уби милиони луѓе

Болеста може да биде кобна за дури 90% од заразените доколку не се започне со лекување веднаш.

Бубонската чума која во минатото уби милиони луѓе и практично уништи цели цивилизации, повторно се врати откако 55-годишен маж на северот на Кина изел див зајак и се заразил со оваа исклучително опасна болест.

Дури 28 лица кои што биле во контакт со заразениот веќе се ставени во карантин, но како што пренесува британски „Индепендент“, тој маж не е единствениот кој минатата седмица во Кина се заразил од Бубонската чума.

Здравствената управа во автономниот регион од внатрешноста на Монголија соопшти дека човекот се лекувал во болница во Хуаде. Истата здравствена управа додава дека на 12-ти ноември две лица биле примени во болница во Пекинг заболени од пневмонска чума, која инаку е полоша верзија од Бубонската чума и се смета одговорна за „Црната смрт“ која ја покосила Европа во 14-тиот век. Од таму веруваа дека двата инциденти не се поврзани.

Болеста може да биде кобна за дури 90% од заразените доколку веднаш не се реагира и заразените не бидат лекувани со неколку антибиотици.

Иако Кина во голема мера ја искорени болеста, сепак и натаму се регистрирани по неколку случаеви, најчесто кај ловџиите кои доаѓаат во контакт со животните кои ја носат опасната бактерија.

Последното избивање на ваквата болест се случи пред 10 години кога неколку лица починаа на северозападот на Кина. Некои здравствени организации тогаш ги обвинија кинеските власти дека на почетокот ја прикривале епидемијата и со тоа придонеле за нејзино брзо ширење.

InterServer Web Hosting and VPS