Русите ги вратија украинските бродови, но нешто недостасува?!

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, тврди дека од бродовите на украинската морнарица, коишто Русија ги врати на неговата земја во почетокот на неделава, недостасува дел од опремата.

„Киев ќе бара таа да биде вратена“, рекол Зеленски.

Како што пренесуваат локалните агенции, станува збор за дел од вооружувањето на бродовите за коешто претседателот Зеленски не сакал да открива детали.

„Дефинитивно ќе ја контактираме руската страна за да ни биде вратени сѐ што имаше на нив“, рекол Зеленски.

На 18 ноември Русија ѝ ги врати на Украина трите брода запленети во инцидентот во Керчкиот теснец.

InterServer Web Hosting and VPS