Жељко Јоксимовиќ откри како го освоила Јована: Имаше супер бесна кола и мое це-де

Жељко Јоксимовиќ (47) открил на кој начин неговата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ (38), успеала да го освои.

Јоксимовиќ за првпат открил интересни детали од почетокот на нивното забавување и рекол дека прво малку се двоумел, но Јована со еден детаљ „го купила“.

„Кога се запознавме, Јована ме возеше, имаше некоја супер бесна кола. И така таа ме вози, а јас ја отворив касетата чисто да видам што има внатре. Имаше некои цедеа на кои не пишуваше ништо, и секако, моето це-де. Тоа беше пресудно. Некое време се двоумев, ама кога го видов моето це-де, бев сигурен“, рекол Јоксимовиќ за Телеграф.рс.

Јована открила дека нема слух, ама и дека за среќа децата талентот го повлекле од татко им.

„Вечерва сум само придружба. Јас немам слух, ама сакам музика, а децата се на Жељко“, открила Јована.

InterServer Web Hosting and VPS