Заев контра Филипов за „Macedonia the GReat”: Зошто за сите да не биде Македонија?

Премиерот Заев контра претседателот на грчко-македонската експертска комисија Филипов: додека за вториот е важна одредбата од преспанскиот договор дека ниедно име на трговска марка не може да се брендира ако за тоа нема согласност од двете страни, првиот- премиерот, тврди дека секој имал право да си го истакне својот слоган на начин на кој смета дека треба.

Зошто за сите да не биде Македонија- вели Заев, кој и денеска се надеваше да не одговори на прашањата за „Macedonia the great“ трговската марка на колегата Мицотакис, ако Алфа не инсистираше на коментар.

Заев смета дека истакнувањето на амблемот иако го содржи името на нашата земја, не било никаде забрането, дури ни во Преспанскиот договор. Премиерот смета дека нема разлика меѓу регион и држава, или кажано со негови зборови -сме делеле заеднички историски регион со тоа што ние се наоѓаме на северниот, а нашиот сосед на јужниот дел.

Сепак за Заев трајното решавање трговските марки ќе го завршела грчко-македонската комисија. Токму на тоа ја става тежината и првиот нејзин човек, за кого Преспанскиот јасно вели- нема бренд без амин од двете страни.

Експертите пак ваквиот потег го окарактеризираа како понижувачки за нашата земја и бараат одговорност.

Без разлика на кршењето на преспанскиот договор од Грција, премиерот се обидува да наметне атмосфера за зајакнување на пријателството. Ако јакнење на пријателството е допуштање на едната страна да крши договор и право како и е удобно- тогаш тоа не е пријателство туку понизност, коментира јавноста на социјалните мрежи.

Логото „Macedonia the great“беше испрезентирано во пресрет на Солунскиот самит на кој што присуствуваше и премиерот Зоран Заев.

Mицотакис на самитот изјави дека логото е практично резултат на неговите преземени обврски за справување со негативните последици од Договорот од Преспа.

InterServer Web Hosting and VPS