Ханси Флик останува тренер на Баерн најмалку до зима

Ханси Флик требаше да биде привремено решение во Баерн Минхен само на два меча откако баварската гордост му даде отказ на Нико Ковач, но по двата одлично сработени меча, привремениот тренер останува на кормилото најмалку до зима, објави најтрофејниот германски клуб.

Под палката на Флик, Баерн го победи Олимпијакос за да го завери осминафиналето во ЛШ, а потоа со 4-0 ја размонтира Борусија Дортмунд во германското „класико“ и нормално ја доби довербата на раководството, иако од смената на Ковач, медиумите шпекулираа со еден куп имиња од Жозе Мурињо, Арсен Венгер, кој во меѓувреме „потпиша“ со ФИФА…

„Ханси Флик останува наш тренер. За да не прашувате секоја недела до кога ќе биде, објаснувањето е дека останува најмалку до зима, а можеби и после тоа. Ханси нè импресионираше со тренинг методите и тактиката, одлично соработува со играчите. Само ќе кажам – веруваме во него“, изјавил Карл Хајнц Румениге, извршниот директор на клубот.

InterServer Web Hosting and VPS