Шабани со боксерите:Секогаш ќе ги поддржувам младите спортски надежи

Директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска се сретна со освојувачот на првата награда на турнирот „Златен гонг 2019“, младиот боксер Јасин Љама.

Јасин Љама се закити со признанието за најдобар боксер на 50-тото издание на меѓународниот боксерски турнир што се одржа во текот на изминатиот викенд во Скопје.

„Секогаш ќе бидам тука за младите спортски надежи и максимално ќе ги поддржувам на секој начин, а на Јасин му посакувам уште многу освоени награди и успеси во боксот.“- изјави директорот Шабани.

InterServer Web Hosting and VPS