Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор на омраза на социјалните мрежи, јави „Хина“.

На ова му претходела телефонска седница на загрепскиот разгранок на ХДЗ и претседателствата на градските организации, кои го усвоиле предлогот на партијата. По одлуката на Градскиот суд на честа, исклучените членови може да се жалат до Високиот суд на честа, кој може да ја потврди или да ја отфрли изречената мерка.

По обелоденувањето на аферата на „Вацап“, раководството на ХДЗ одлучи да ги санкционира сите членови на партијата што шират говор на омраза на „Вацап“, „Вибер“ и на „Фејсбук“, се заканија или повикаа да се гласа за други кандидати, а не за претседателскиот кандидат на ХДЗ, Колинда Грабар-Китаровиќ.

InterServer Web Hosting and VPS