Антикорупциска го „тресе“ Анѓушев

ДКСК отвори предмет за вицепремиерот Кочо Анѓушев поради владината одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори, пренесе Телма.

Според државната комисија за спречување на корупцијата, Анѓушев не се изземал во вториот дел од постапката.

Тој присуствувал на седница на Влада каде била усвоена одлуката. ДКСК утврди дека има судир на интереси и ќе побара од премиерот да покрене иницијатива за утврдување на одговорност заради прикривање на приватни интереси од страна на Анѓушев.

Оваа одлука на ДСКСК беше усвоена по 30-минутна дебата на членовите, со 4 гласови за , наспроти 2 против.

Во интервјуто кое го даде во Топ Тема на Телма, Анѓушев тврдеше дека барањето за намалувањето на царините се однесувало за полска компанија а не за негов бизнис интерес.

Но, дали Антикорупциската комисија ќе го повика премиерот Заев да покрене иницијатива за одговорност за министерот за економија Крешник Бектеши. За потсетување, мминистерот Бектеши интервенираше за вработувањето на неговата сестра.

Антикорупциската комисија неодамна утврди дека Министерството успеало да изврши притисок врз одлуката сестрата на Бектеши да биде вработена во МЕПСО, фирма преку која истото министерство ги креира енергетските политики.

InterServer Web Hosting and VPS