Детали за масакрот на колеџот во Русија: Убиецот најавил – „Одам да расчистам стари сметки“

Студент во четврта година на градежниот факултет, 19-годишниот Данил Зарисон вчера на рускиот Далечен исто во кабинетот за компјутерска настава со ловечка пушка го убил својот колега, ранил уште тројца студнти, а потоа извршил самоубиство.

После немилиот настан студентите кои биле во училницата раскажале повеќе верзии за тоа што го натерало на крвопролевање.

Според една, Зосорин им се одмаздил на колегите кои се потсмевале не една негова колешка. А, според друга, тој запалил цигара во ходникот на колеџот и кога го предупредиле да не го прави тоа, избила кавга која трагично се завршила.

Меѓутоа, во текот на денот пронајдена била аудио снимка во која Данил Засорин порачува дека оди на колеџ со намера да расчисти стари сметки и каде вели дека никој не може да го запре во таа намера.

Сведоците тврдат дека Данил влегол во училницата со пушка под јакната и ја истерал од просторијата професорката. Потоа ја потпрел пушката на главата на колегата Алексеј. Иако останатите го молеле да не пука, тој го повлекол чкрапалото и го убил. Потоа пукал во останатите колеги од другата група.

Колегата на Засорин, кој седел со него тврди дека во кабинетот студентот убиец влегол слушајќи музика од групата Нирвана. Пред да почне да пука наводно на некои студенти им рекол: „Ако сакате да живеете-бегајте!“

Кога стигнала полицијата Данил не сакал да се предаде, па почнал да пука и во нив. После тоа почнале и полицајците да пукаат. Гледајќи дека нема излез Засорин извршил самоубиство.

Оружјето му било набавено илегално, затоа што Данил дозволата за купување оружје ја добил пред неколку месеци. Станува збор за ловечка пушка „Иж-81“.

Премиерот Дмитриј Медведев го искоментирал целото случување и нагласил дека за жал, тоа не е редок случај.

InterServer Web Hosting and VPS