Крвава театарска претстава во Ријад: Маж излезе на бина и со нож ги бодеше актерите!

Четири лица се повредени за време на театарска претстава во Ријад кога непознат маж излегол на бина и со нож ги нападнал актерите. Поедини медиуми пренесуваат дека се повредени три лица.

Локалните медиуми пренесуваат дека мотив на нападот е што во претставата учествувале жени.

Како што се наведува повредените членови од театарската група се од холандскиот град Хаг.

Исто така се појави и видео од местото на злочинот. На него се гледа како маж ги боде на бината луѓето додека трае претставата, а обезбедувањето се обидува да го совлада.
Медиумите пренесуваат дека напаѓачот е јеменски државјанин стар 33 години.

Државната новинска агенција СПА пренесе дека жртвите претрпеле површински рани и дека добиле медицинска помош.

InterServer Web Hosting and VPS