Излетале од пат во скопско, повредени возачот и сопатникот

Скопје, 11 ноември- Во неделата вечерта во 21.15 часот на локалниот пат село Барово – с.Света Петка, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(45) од село Света Петка, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Р.Р.(24) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

InterServer Web Hosting and VPS