Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион. Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан, напиша премиерот, Зоран Заев на неговиот профил на „Фејсбук“, по вчерашниот состанок на лидерите од регионот.

„Слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти; Ефикасни гранични премини каде контролите работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи; Постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите; Засилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации; Зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации; Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди“, напиша Заев.

InterServer Web Hosting and VPS