5 луѓе загинаа и над 120 се повредени во земјотрес од 5,8 степени во Иран

Најмалку пет луѓе загинаа и над 120 се повредени во земјотрес со интензитет од 5,8 степени што го погоди синоќа северозападен Иран.

Епицентарот на земјотресот, за кој првично беше објавено дека е со јачина од 6,0 степени, беше во провинцијата источен Азербејџан, на 83 километри од градот Ардабил, на длабочина од 10 километри. Во регионот погоден од земјотресот живеат околу 20 милиони луѓе.

InterServer Web Hosting and VPS