Во Хонг Конг загина студент, се очекуваат нови големи немири

Студент на хонгконгшкиот универзитет кој падна на паркинг за време на протест претходно оваа недела почина денес, а таа прва смрт на студент во антивладините протести веројатно ќе предизвика нови немири во градот под кинеска управа, јави Ројтерс.

Чао Ц-лок, 22-годишен студент на хонгконгшкиот факултет за наука и технологија, почина од повредите здобиени во понеделникот.

Околностите под кои бил повреден сè уште не се јасни, но властите веруваат дека паднал од третиот на вториот кат на паркинг кога полицијата ги растерувала демонстрантите во соседство источно од полуостровот Каулун.

Смртта на Чау се очекува да предизвика нови протести и бес и огорченост против полицијата, која веќе е под притисок во екот на обвиненијата за прекумерна употреба на сила, додека градот е зафатен од најтешката политичка криза во изминативе децении.

Демонстрантите неделава ја опколија болницата за да се молат за Чау, оставајќи цвеќиња и пораки за оздравување на ѕидовите на болницата и на таблите за пораки во зградата.

Студентите исто така одржувале собири на факултетите ширум целата поранешна британска колонија.

„Разбуди се наскоро. Сети се дека треба да се сретнеме пред Легком“, се вели во една од пораките со која се реферира на локалниот парламент, една од целите на собирите на демонстрантите.

„Има уште многу работи што треба да се доживеат во животот“, стои во порака до студентот.

https://twitter.com/joshuawongcf/status/1192640929586266112

„Денес ја оплакуваме загубата на борецот за слобода во Хонг Конг. Нема да оставиме никого зад себе – тоа што го почнавме заедно, ќе го завршиме заедно. Со оглед на загубите што во изминатиот месец ги претрпе општеството на Хонг Конг, владата мора да ја плати цената“, напиша на Твитер еден од лидерите на протестите Џошуа Вонг.

Студентите и младите луѓе водат стотици илјади луѓе кои ги заземаа улиците од јуни барајќи поголема демократија, меѓу другите барања и се собираат во знак на протест против кинеското мешање во слободите на Хонг Конг.

InterServer Web Hosting and VPS