Започна продажбата на најскапиот лек на светот, чини „само“ 2,1 милион долари !!!

Само една доза од лекот „Золгенсма“ од швајцарската компанија „Новартис“ чини 2,1 милион долари, што го прави најскапото медицинско средство на светот.

Новиот лек за спинална мускулна атрофија „золгенсма“ имал голем успех во САД, но се уште се чека на негово одобрение од регулаторите во Европската унија и Јапонија.

Извршниот директор на „Новартис“ Вас Нарасимхан тврди дека тоа нема никаква врска со неодамна објавените извештаи за наводна манипулација со податоците од истражувањето.

Но, сепак признава дека има многу отворени прашања поврзани со неговото производство.

InterServer Web Hosting and VPS