Сон се отвори во Белград и за првпат проговори за ужасната повреда на Андре Гомеш

Хјонг Мин Сон ги воодушеви фудбалските фанови со својата реакција и гестот кој му го посвети на Андре Гомеш по првиот гол кој го постигна во Белград, а со самото тоа, уште еднаш докажа дека неизмерно жали за големата несреќа која го снајде Португалецот на „Гудисон парк“.

Играчот за врска на Евертон заработи ужасна скршеница на ногата по контактот кој го имаше со Кореецот, а во ситуација кога Сон доби шанса да игра само три дена по инцидентот, одлучи својата одлична партија да ја стави во втор план и да му испрати порака на колегата кој сега го чека долга пауза.

– Не сакав да го славам голот, бидејќи сметам дека требаше да покажам респект за ситуацијата која се случи пред неколку дена. Му посакувам на Андре Гомеш брзо заздравување и имам само најубави желби за него. Ова беа навистина многу, многу тешки денови за мене. Но, сите ми дадоа огромна поддршка и пораките ме кренаа. Можам да кажам дека премногу жалам за инцидентот и за ситуацијата, но од друга страна, морав да се фокусирам и да му помогнам на тимот оваа вечер. Ова беше најдобар одговор за сите кои ме поддржаа. Во овие тешки денови, сфатив колку сум среќен. Фановите, пријателите и соиграчите многу ми помогнаа, – изјави Сон по мечот во Белград на кој постигна два гола во победата на гостите од 0:4.

InterServer Web Hosting and VPS