Конте експресно го оправда својот жесток напад до управата: Имам само еден играч кој е шампион!

Антонио Конте беше прилично бесен по натпреварот на „Сигнал Идуна парк“ и во свој карактеристичен стил директно ја прозва управата на Интер, образложувајќи дека директорите и одговорните лица направиле комплетна утка при составувањето на планот за актуелната сезона.

Тимот на италијанскиот стручњак претрпе нов болен пораз со пресврт во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето кај Борусија Дортмунд, испуштајќи прилично сигурна предност од 0:2 на полувремето. Поразот од 3:2 исклучително го налути Конте, па тој веднаш по крајот на средбата во изјавата за „Скај Спорт“, директно ја прозва управата на клубот за лошиот план во врска со ростерот со кој располага.

Непосредно откако беше бурен во првото обраќање по натпреварот, Конте одработи уште едно опширно интервју за „Спорт Медиасет“, а во истото даде оправдание за својот бурен испад и жестоките зборови кои ги употреби.

– Освен Диего Годин, останатите играчи немаат ништо освоено во кариерите и немаат искуство. Имаме прелимитиран состав за да се натпреваруваме во Серија А и во Лигата на шампионите. Кога велам лимитиран, не мислам само на бројот, туку и на квалитетот. Одредени играчи мора постојано да бидат на теренот, а на крајот ја плаќате цената за тоа. Навистина сум бесен, овој недостаток ја омаловажува нашата напорна работа, – изјави Конте и додаде дека не очекува револуција во јануари.

– Не барам ништо од клубот. Ова се играчите со кои влеговме во битка и ќе одиме до крај. Клубот треба да направи проценка во иднина, јас само велам дека е направена голема грешка во планирањето за оваа сезона. Во овој момент, експресно се вклучува алармот кога имаме само три повредени играчи, додека останатите тимови не ни забележуваат дека им недостигаат некои играчи, – додаде Италијанецот.

InterServer Web Hosting and VPS