Ако во Сингапур возите електричен тротинет по тротоар, може да завршите во затвор

СВЕТАко во Сингапур возите електричен тротинет по тротоар, може да завршите во затворОбјавено пред 18 часа – 4 ноември, 2019Од Макфакс

На возачите на електрични тротинети од денеска во Сингапур им е забрането да возат по пешачки патеки. Секој кој ја прекрши оваа нова одредба може да заврши во затвор.

Сингапур е последна во низата држави кои воведоа строги регулативи со кои се регулира возењето на електричен тротинет. Законот беше донесен по серија несреќи поврзани со овој вид возила, вклучувајќи и пожари наводно предизвикани од уредите за напојување и смртта на еден постар велосипедист при судир со возач на електричен тротинет во септември.

Дури и пред забраната, за електричните тротинети не беше дозволено возење по сингапурските улици, а сега Управата за копнен транспорт објави дека ваквите возила не може да се управуваат ни по пешачки патеки, пренесе „Франс 24“.

По ова, електричните тротинети ќе можат да се користат само на велосипедските патеки и мрежата на патчиња кои ги поврзуваат парковите.

Иако новиот закон стапува на сила денес, строгите казни ќе почнат да се применуваат од 1 јануари 2020 година. На секој кој ќе ја прекрши забраната му се заканува казна затвор до два месеца и максимална парична казна во износ од 1.500 американски долари.

InterServer Web Hosting and VPS