Ова се неколку знаци дека сте многу поинтелигентни од што мислите

Љубопитноста, меѓу останатото е особина на интелигентните луѓе, бидејќи нивниот начин на размислување е многу посуптилен, што значи дека долгорочно се заинтересирани за откривање нови работи и личен развој.

Сте оделе во музичко училиштеСвирењето на музички инструмент помага во развој на детето. Една од студиите тврди дека само еден месец учење на музички ноти може да им помогне на децата меѓу 4-та и 6-та година значајно да ги подобрат своите резултати на тестовите и им го олеснува учењето.

Најстари сте од браќата и сестрите во семејството

Едно интересно истражување покажало дека постарите браќа и сестри во семејството имаат малку поголема, но позначајна предност кога е во прашање IQ-то, во однос на нивните помлади браќа и сестри. Тоа е причина зошто најстарите обично се поуспешни од најмладите во семејството.

Имате витка фигура

Студија од 2006-та година открила една интересна поврзаност – колку е поширок нечиј струк, толку се пониски неговите когнитивни способности.

Ве доела мајката

Научници од Велика Британија и Нов Зеланд проучувале околу 3000 деца и откриле дека оние кои биле доени имаат во просек 7 бодови повеќе на тестовите за интелигенција од оние кои не биле доени од своите мајки.

Ги засмејувате луѓето

Смислата за хумор и високата интелигенција и тоа како се поврзани. Во едно истражување, околу 400 ученици го положиле тестот за интелигенција после што морале да смислат забавни наслови за сцени од цртаните филмови. Може ли да погодите кои наслови биле најсмешни?

Љубопитни сте

Професорот по деловна псхологија на еден лондонски универзитет дошол до заклучок дека љубопитноста е важна особина на интелигентните луѓе. Љубопитните луѓе имаат порафиниран облик на размислување, што значи дека долгорочно се заинтересирани за откривање на нови работи и личен развој. 

InterServer Web Hosting and VPS