Заостанатите сметки за вода може да се платат на рати без камата

„ЈП Водовод и Канализација – Скопје“ од денеска почнува со спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање.

„Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг да го искористат овој период, од 4.11.2019 до 29.11.2019, за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи. ЈП „Водовод и Канализација – Скопје“ продолжува да работи во интерес на своите корисници, граѓаните на град Скопје“, информира јавното претпријатие.

InterServer Web Hosting and VPS